Надворешниот долг на крајот на март 4,6 милијарди евра


Фото: Б. Грданоски

На 31.3.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.630 милиони евра (или 28,4% од проектираниот БДП), и не бележи значителна – промена во однос на минатиот квартал. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67,9%, се вели во редовното статистичко соопштение на Народната банка за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

Во текот на првиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 8.960 милиони евра, што претставува 54,9% од проектираниот БДП за 2025 година.

Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/ND%20NP%20MIP/2025/Soopstenie_dolg_MIP_