Над 110.000 прекршоци на улиците за 24 часа – 142 жртви не е обична бројка
Системот „Безбеден град“, кој од вчера почна да функционира во Скопје, регистрира 110.000 сообраќани прекршоци, од кои околу 1.000 возила без регистрација, а околу 5.000 поминале на црвено. Без разлика каков прекршок е регистриран, во 90 отсто од нив забележана е брзина поголема од дозволената.
Како што рече министерот за внатрени работи Панче Тошковски, системот се вовоедува со цел да се намаи бројот на жртви кој во последната година изнесува 142, а според него, бројката од 142 жртви не е обична – „тоа се луѓе со семејства кои ги губат животите на улиците“.
„Констатиравме дека во одреден дел од прекршоците, записниците не стигнале до вистинските возачи. Ова е тест период, но ќе се работи на поправање на овие грешки“, рече Тошковски.
Појасни дека возило на брза помош нема да биде санкционирано ако вози побрзо од пропишаното во услови кои се предвидени. Истото важи за други сервисни возила како и возилата на МВР и на АРМ, но сите дргу подлежат на санции, без разлика дали се оние службените со црвена табличка. Вели дека дел од функционерите кои се возат со службени возила со полициска придружба, имаат право понекогаш да се возат побрзо од дозволеното, но доколку министер вози и направи прекршок, ќе биде казнет. Додаде дека досега се казнети најмалку тројца возачи кои во моментот возеле министри, а не се придржувале до пропишаните правила, без да открие за кого се работи.
Странските возила при излез од Македонија не може да бидат спречени да излезат, но нема да им биде дозволено да влазат ако не си ја платат казната.
Рече дека сега се ревидираат сите точки кадешто се поставени камерите, а во иднина ќе направат ревизија и на сите знаци кои се поставени во Македонија.