На Табановце гужва, отворена само една лента за контрола на српската страна


Нема добра идеја што нема да се реализира на лош начин на Балканот. Воспоставувањето на заедничка контрола на македонско-грчката граница, при што за излез од нашата држава проверката ја вршат органите на Србија, а за влез тие на Македонија и која треба да го забрза сообраќајот, надвор од политичките изјави, т.е. во реалноста ,не ги отстрани гужвите и долгите чекања на граничниот прекин Табановце.

Граѓани од Македонија урово се пожалија дека чекале час и половина на Табановце за да ја преминат границата бидејќи контролата на српска страна се спроведувала само по една лента. Фотографијата подолу илустрира како изгледа состојбата веројатно секој ден.