На светот сѐ уште му треба демократското лидерство на САД

После дебаклот на Бајден во Авганистан, треба да ги разгледаме алтернативите на поредокот предводен од Вашингтон. Сите слични алтернативи се полоши. А, администрацијата на Бајден е најдобрата шанса што ја имаме за да стигнеме таму


„Америка се врати“, рече претседателот Џо Бајден претходно оваа година, и целиот демократски свет здивна со олеснување. Но, додека го гледаме дебаклот на повлекувањето на САД од Авганистан – Кабул како Сајгон 2 – еден духовен глас ни шепоти: што ако Америка не се врати? Што ако никогаш не се врати? Што се случува тогаш? Кинескиот век? Европа како нов лидер на слободниот свет? Или обична стара меѓународна анархија?

Само да беше ова како Сајгон во 1975 година. Понижувањето на САД во Виетнам, по Вотергејт, означи ниска точка за угледот на Америка во светот. Но, за една деценија, САД се вратија. До 1995 година, се чинеше дека го прескокнува светот како неоспорна хипер сила. Секој знае дека овој пат е различно. Внатрешните проблеми на Соединетите Држави се 10 пати подлабоки и структурни отколку во средината на 1970-тите – делумно затоа што, по моделот на прекумерно проширени империи низ историјата, потроши билиони долари во места како Авганистан и Ирак, наместо да повеќе да ја градат нацијата дома. Во странство, таа не се соочува со опаѓачка суперсила, управувана од Ленинисти, Советскиот Сојуз, туку со растечка суперсила, управувана од Ленинисти, Кина. Климатските промени се единствената хипер сила сега.

Реално, најмногу што може да се очекува е дека Соединетите Држави „се враќаат“ како водечка западна сила на меѓународната сцена, прва меѓу еднаквите во глобалната мрежа на демократии. Негодувањето од лошото американско однесување во различни делови на светот, до и вклучително и оваа најнова трагедија, не треба да ги затвори очите на ниту еден демократ (со мало д) на кое било место за фактот дека сите можни алтернативи на тоа сценарио се полоши. И, администрацијата на Бајден е најдобрата шанса што ја имаме за да стигнеме таму.

Замислете дека патетичната, корумпирана, авганистанска влада финансирана од САД и нејзината наводно американски обучена војска од 300.000 војници, издржаа уште неколку недели, и имаше уредно повлекување, без хеликоптерите Чинуки да облетуваат над рамниот покрив на амбасадата – таа единствена слика е помоќна од милион зборови. Сигурно би имало многу несреќа, и чувство на неуспех. Но, можевме да рефлектираме дека искусниот американски претседател трезвено го извршуваше тврдоглавиот план за враќање на Америка на меѓународен план, во стратешка поза, подобро прилагодена за да се соочи со предизвикот на „тројно К“ што неговата администрација го идентификуваше: Ковид, клима, Кина.

Се уште е можно САД да го продолжат таквиот курс. Настаните, како и предметите, секогаш изгледаат поголеми одблизу. Тие сцени на аеродромот во Кабул никогаш нема да бидат заборавени, но со текот на времето ќе исчезнат во нова перспектива.
Како и да е, ова е момент за размислување за алтернативата: САД никогаш да не се вратат на позицијата на меѓународно лидерство. Што тогаш? Кина речиси сигурно станува доминантна сила во Азија, но не и предоминантна. Јапонија, Индија и Австралија, а да не зборуваме за Соединетите Држави се уште присутни во Индо-Пацификот, сите ќе работат за да го избегнат тоа. Во самата Кина, противречностите помеѓу растечкиот ленинистички политички систем, со моќта концентрирана во рацете не само на една партија, туку на еден човек, и сложена, развиена капиталистичка економија и општество, порано или подоцна, ќе ја испорача сопствената внатрешна криза. Потрагата по зголемен националистички легитимитет со авантури во странство може да биде непосреден резултат: внимавајте, Тајван.

Но, ова не е формула за „кинески век“ на начин на кој може до одреден степен веродостојно да се зборува за американски век – или барем за „американски 20 години“, помеѓу 1989 и 2009 година – и, пред тоа, британски век. Кина веќе има големо влијание во некои европски земји, но нема да стане водечка сила во Европа. Ниту тоа е биде Русија, иако Владимир Путин, како и Џинпинг, без сомнение ќе се радува на овој последен американски неуспех.

Еве едно пооптимистично сценарио, кое ги натера француските срца да пеат. Како би било Европа да направи пробив? ЕУ станува лидер на слободниот свет! Свртувајќи го познатиот диктат на поранешниот британски министер за надворешни работи, Џорџ Канинг, го повикуваме стариот свет да го поправи балансот на новиот. Како Англичанец, би сакал да видам да се случи вакво нешто. Всушност, со пријателите од целиот наш континент, поминав многу време работејќи во вмрежена организација наречена Европски совет за надворешни односи токму за промовирање покохерентна, ефективна европска надворешна политика. Но, не изгледа добро.

Еден европски лидер, францускиот претседател Емануел Макрон, има визија, но не и средства. Веројатните германски наследници на канцеларката Ангела Меркел, по изборите во септември, имаат средства, но не и визија. Британија штотуку го напушти клубот, само затоа што водечките британски конзервативци сега гласно се жалат дека САД не оставија на цедило над Авганистан. Тешко дека ова е рецепт за глобално лидерство.

Тоа остава трета глобална алтернатива: меѓународна анархија. Конкуренција на големите сили, племиња и интереси. Светот „Г-нула“, како што го нарече геополитичкиот аналитичар Јан Бремер. Во најлош случај, еден вид на Авганистан. Покрај бедата што би ги донела на милиони човечки суштества, ризикува да ја спржи планетата. Апокалиптичните пожари летово на грчките острови и поплавите во Германија, а да не ги спомнуваме неодамнешните авторитативни предупредувања на климатските научници, јасно кажуваат дека ни е потребно невидено ниво на глобална колективна акција за справување со климатската криза. Сепак, геополитичкиот момент е оној што го отежнува постигнувањето на таквата глобална колективна акција.
Неодамна гледав американски научно-фантастичен филм наречен „Пристигнување“, во кој вонземјани слични на октопод слетуваат на локации во САД, Русија, Кина, Саудиска Арабија и други клучни светски сили. Излезе дека нивната цел е да ги натераат завојуваните племиња на човештвото да соработуваат затоа што „ќе ни требате за 3.500 години“. И да, бидејќи ова е американски филм, тие успеваат.

Отсуството на интервенција на јасновидни меѓу галактички октоподи, сепак, зависи од нас. Гледано на поголемо платно, овој геополитички момент бара активна посветеност на Европа и Кина, Индија, Јапонија, Австралија и многу други. И се уште бара од САД да се вратат на водечката улога во концертот на демократиите, но повеќе не како хегемон. Економист за развој еднаш брутално забележа дека има само едно нешто полошо за сиромашните земји отколку да бидат експлоатирани, а тоа е да не се експлоатираат. Не само за западниот, туку и за загрозениот свет, постои една полоша работа од американското лидерство, а тоа е неговиот недостаток.

(Тимоти Гартон Еш е британски историчар, автор, коментатор и професор по европски студии на Универзитетот Оксфорд. Kолумната е објавена во „Гардијан“)