На онлајн купувања од странство лани сме потрошиле 100 милиони евра


Странците помалку купуваат онлајн во Македонија, одошто македонците во странство

Најчесто од земјава се купувало онлајн во Обединето Кралство, Унгарија и САД, покажуваат податоците на Народната банка

 

Во текот на 2019 година со домашни платежни картички во странство реализирани се вкупно 3.375.597 онлајн трансакции со вкупна вредност од 100,3 милиони евра. Од друга страна, со странски платежни картички во земјава реализирани се вкупно 170.390 онлајн трансакции со вкупна вредност од 6,85 милиони евра, се вели во анализата што ја изработи Виктор Чижбановски, в.д. претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), врз основа на податоците што ги објавува Народната банка на Македонија.

 Земји во кои најмногу се купува онлајн со македонски платежни картички

Од вкупниот износ во вредност од 100,3 милиони евра кои Македонците во текот на 2019 година го потрошиле онлајн за купување производи од странство, дури 78,4% од вредноста на трансакциите се реализирале во корист на ТОП 10 земји каде македонците купувале.

Станува збор за следниве земји: 

Анализирајќи го бројот на онлајн трансакции со македонски платежни картички во странство, високи 83,3% од трансакциите завршиле во корист на ТОП 10 земјите прикажани во табелата во продолжение. Убедливо најголем број на трансакции со домашни платежни картички (вкупно 1.294.814) се реализирани во корист на веб продавници кои потекнуваат од Обединетото Кралство. 

И странците купуваат онлајн од македонски веб продавници

Имателите на платежни картички од други земји, ја зголемуваат вредноста на реализирани онлајн трансакции во корист на македонски веб продавници. Конкретно, во 2019 година од вкупно реализираниот износ најголем дел припаѓа на имателите на картички од САД, Обединето Кралство, Канада, Швајцарија, итн. 

Прегледот на ТОП 10 земји од каде се купувало онлајн во Македонија погледнете го во продолжение.

Од аспект на бројот на онлајн трансакции со странски платежни картички во Македонија, истите земји кои имаат најголем промет се дел од прегледот на ТОП 10 земји според најголем бројот на трансакции. Од соседните земји,  единствено Бугарија е дел од ТОП 10 земји чии картички пазаруваат онлаjн во Македонија.

Од аспект на вредноста на трансакциите, просечна трансакција со платежни картички од земјава кон Обединето Кралство изнесува 1.012,00 денари, односно 5.268,00 денари кон Унгарија и 1.115,00 денари кон САД.

Американските картички реализирале просечни трансакции во вредност од 2.839,00 денари кон македонски веб продавници, додека картички од Обединето Кралство во просек плаќале по 2.305,00 денари, се вели во анализата на АЕТМ.