На неколку дена пред ЕП – Шпанците одат во изолација, Бускетс е позитивен на корона
Европското првенство започнува во петок, а првата криза поради корона вирусот веќе се појави
Донекаде неверојатна вест пристигнува од Шпанија на само пет дена пред почетокот на Европското првенство во фудбал. Серхио Бускетс е позитивен на КОВИД-19 и мора да помине десет дена во изолација, што значи дека сигурно ќе го пропушти првиот натпревар со Швеѓаните во Севилја во понеделник, на 14 јуни.
Целата репрезентација на Шпанија мора да биде изолирана во следните неколку дена, иако позитивен беше само Бускетс. Шпанските фудбалери ќе бидат тестирани секој ден за да ги отфрлат сомнежите дека некој друг е заразен, а тамошната фудбалска асоцијација тврди дека Бускетс немал никакви симптоми и дека е малку веројатно дека тој воопшто бил заразен, пренесува Дневник.хр.
Загубата на Бускетс и откажувањето на пријателскиот натпревар против Литванија е најмал проблем за Шпанија и ЕП, бидејќи Луис Енрике може да повика некого на негово место ако се појави потреба, иако многумина ја критикуваат неговата одлука да поведе 24, наместо 26 играчи.
Дали Швеѓаните се обидуваат да ја искористат ситуацијата?
Своевиден проблем е и што Швеѓаните, како што пишува Ас, побарале од шпанските фудбалери да поминат десетдневен карантин, иако има уште само седум дена до мечот Шпанија – Шведска!
Според правилата, пред секое патување на одреден натпревар, сите играчи мора да бидат негативни на тестот за PCR. Фактот дека Швеѓаните бараат десетдневен карантин за Шпанците нема основа во правилата.
Овие денови на шпанските фудбалери не им е дозволено да имаат заеднички тренинзи, ручеци, дружења… Нивниот престој во кампот се претвора во вистински кошмар на недела пред нивниот прв натпревар.
Дали Бускетс заразил некого или не, ќе се знае за пет до седум дена, колку што трае периодот на инкубација, а тоа значи непосредно пред натпреварот.
Загрижени се и португалците затоа што минатата недела Серхио Бускетс играше еден час против нив на пријателски натпревар.
Ас пишува дека некои поголема зараза во соблекувалната може дури и да ја исклучат Шпанија од Европското првенсвво на кое се едни од домаќините. Но, тоа е најцрното сценарио.
Исто така, Шпанската фудбалска федерација е лута на Министерството за здравство затоа што фудбалерите не се вакцинирале со една доза како Олимпијците, пишува Ас.