На коњи се обиделе да прошврцуваат 319 кг кафе во Македонија
Косовската полиција, вчера, регистрирала обид да се прокриумчари 319 кг кафе на граничниот премин „Генерал Јанковиќ“.
Како што се наведува во соопштението, во вечерните часови вчера, единици на полицијата на граничниот премин со Македонија забележале два натоварени коњи.
Службениците успеале да ги сопрат коњите, а при проверката на товарот најдени се 319 кг кафе.
Осомничените за овој случај побегнаел, а најдената стока е предадена на царината.