На која возраст треба трајно да се престане со алкохол?


 Многумина повремено уживаат во алкохолни пијалоци… Но, некои луѓе често знаат и да претераат, што не е добро за нивното целокупно здравје. 3атоа, неврологот и невропсихијатар Ричард Рестак открива: Во која доба треба трајно да се престане со алкохол?

Во својата книга „Како да се спречи деменција“, неврологот ја образложува врската меѓу алкохолот и можноста за појава на одредени болести. Тој вели дека алкохолот е „директен невротоксин“, што значи дека редовното пиење големи количини алкохол може да биде штетно за мозокот, а оттука и за другите органи.

– Запрашајте се: „Зошто пијам?“ Ако одговорот е: „Алкохолот ми помага да си го подигнам расположението и да ја намалам анксиозноста“, можеби сте изложени на опасност и веројатно е најдобро да престанете целосно со алкохолот, објаснува д-р Рестак.

Советот гласи: Откажете се од алкохолот по навршувањето 65 години.

– На таа возраст вашиот мозок веројатно веќе консумирал алкохол колку што му е потребно на вашето тело. Кога алкохолот го оштетува мозокот, тоа влијае и на агилноста на телото, а можноста и за паѓање е поголема, појасни лекарот.

Наводите говорат: Стапката на смртност од пад е во раст – особено кај повозрасните мажи. Пиењето може да биде особено опасно за оние луѓе кои веќе се погодени од мускулна атрофија, проблеми со рамнотежата или користат одредени лекови.