На која температура се печат пити или колачи? Еве од што зависи


Прашање кое често се поставува во кујната

Питата се прави од кори, купена или домашна, како и разни филови, а може да биде солена и слатка. Првото знаење за питите потекнува од времето на антички Египет и античка Грција, а подоцна Римјаните ги донеле во Европа. Секоја земја го приспособила рецептот на своите обичаи и храна, па денес постојат многу различни начини за негова подготовка. На интернет можете да најдете рецепт за саканата пита, но не секогаш пишува на која температура се пече. Како и секое јадење, одредени видови пити се печат на различни температури, а времето варира во зависност од тоа дали користите кори или тесто.

Најважно е сите пити, како и разни печива, да се печат во загреана рерна. Исто така, ако видите дека питата може да изгори при печењето, покријте ја со влажна хартија за печење или алуминиумска фолија, за да се испече и внатрешноста. Ако печете пециво, изберете повисока температура околу 200-250°C, но тоа зависи и од видот на пецивото. На пониски температури побрзо се сушат и го губат вкусот. Пита која содржи квасец се пече на 240°C околу 45 минути, а за пита со готова кора потребни се 30 минути на температура од 220°C. Доколку правите пита со лиснато тесто, печете ја на 220°C околу 30-45 минути.