На „Интерфест“ во Битола поетска вечер посветена на Славко Јаневски
Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ продолжува со поетска вечер и музички рецитал кои ќе бидат изведени во битолскиот Офицерски дом.
Публиката во Битола ќе посведочи на избрани дела од големиот опус на македонскиот поет, писател, прозаист Славко Јаневски (1920-2000) кои ќе ги изведе доајенот на македонското глумиште, битолскиот актер Петар Мирчевски.
![]()
Според програмата, поетската вечер ќе продолжи со музички рецитал на уметникот од Турција, Хисеин Сермет кој на пијано ќе изведе дела од Шуберт и Лист.
Во последните два фестивалски денови, утре и во среда навечер, во Офицерски ќе настапат Кристијан Солдан пијанист од Германија, а годинава свеченото отворање им е доверено на членовите на битолскиот камерен оркестар и гостите од Италија, пијанистите Рафаеле Д’Анџело и Марија Рита Панела.