На инфективните оддели во државава се лекуваат 1302 пациенти, има слободни кревети


Фото: Б. Грданоски

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 805 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 47 болни, а во Куманово 104 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 100 пациенти, во Прилеп 97 во ковид – центарот во Гостивар 57, а во Струга 44 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 65 пациент, во Кочани 17 во Кичево 10, Кавадарци 53, во Гевгелија 20 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1302 и има околу 190 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.