На ГП „Ќафасан“ албанската полиција спречи шверц на 1,8 тони нафта при влез од македонска територија


Полиција на граничниот премин „Ќафасан“ на албанско – македонската граница, кај Струга, откри 1,8 тони нафта шверцувана од Северна Македонија, соопшти Полицискиот комесаријат-Корча.

Уапсени се три лица на возраст од 27, 36 и 40 години, сите жители на Подградец, под обвинение „шверц на акцизна стока од Северна Македонија“.

-На влез на албанска од македонска територија, полициските службеници при контрола на секој од камионите што ги управувале овие лица, откриле дополнителна количина од по 600 литри дизел, кој бил скриен со намера да се внесе во Албанија, избегнувајќи го данокот на обврски. Како доказен материјал запленети се и трите возила, стои во полициското соопштение.

Ова не е прв случај на спречен обид на шверц на гориво од макрдонска на албанска територија. Тоа поради повисоката цена на горивата во Албанија, но и како што наведуваат медиумите, подобриот квалитет.