На бројот 02-324-8040 јавете се за информации за користење на економските мерки


Фото: Б. Грданоски

Владата ја отвори телефонската линија 02 324-8040 на која фирмите и граѓаните ќе може да побараат информации за економските мерки за справување со кризата предизвикана од корона вирусот.

Со јавување на телефонскиот број  ќе се добиваат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки.

„Контакт центарот ќе работи од 8 до 17 часот од понеделник до петок, а во сабота од 9 до 14 часот, каде ќе одговара стручен тим на македонски и албански јазик“, велат од Владата.

Со мерките од вториот економски пакет на Владата фирмите погодени од пандемијата на корона вирусот, може да аплицираат за да добијат субвенционирана минимална плата за вработените или субвенции од 50 отсто за придонесите за плати.