На 79 години почина култната словенечка актерка Милена Зупанчич


Љубљана – Словенечката театарска, филмска и телевизиска легенда Милена Жупанчич почина вчера на 79-годишна возраст, објави Словенечката радио-телевизија.

Жупанчич одигра повеќе од 120 театарски и 80 филмски и телевизиски улоги во текот на својата петдецениска кариера. Откако првично стана позната по своите улоги како темпераментни и наивни заводнички, подоцна играше голем број емоционално сложени женски ликови.

Milena Zupančič, ljubavni trokut i posljednji kadar njenog filma

Таа беше една од најпознатите словенечки актерки, а нејзината глума беше призната низ цела поранешна Југославија. Пошироката публика надвор од театарските кругови ја памети по улогата на Мета во филмот „Цвеќиња во есен“ во режија на Матјаж Клопчич од 1973 година.

Единствената неостварена желба
„Имав голема среќа, го играв практично целиот главен женски репертоар, од Шекспир до словенечките новитети“, рекла во едно интервју. Сепак, една желба во нејзината кариера останала неостварена – улогата на Ричард III.

„Се чувствував како веќе да сум ги играла сите женски улоги, па затоа сакав да се осмелам да истражувам лик кој беше многу злобен, кој копнееше по моќ по секоја цена и кој во суштина беше несреќен“, објасни таа во едно претходно интервју.

За својата работа ги доби најзначајните словенечки награди во областа на културата, театарот и филмот, меѓу кои наградата „Прешерн“ за животно дело, „Борштниковиот прстен“ и Златниот орден за заслуги. Во 2015 година ја доби и наградата на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“ во Ресен.

Животот помеѓу сцената и Бохињ
На пошироката јавност ѝ е најпозната по улогата на Мета во филмот „Цвеќе на есен“ од 1973 година, во режија на Матјаж Клопчич. Како академска актерка, таа беше членка на ансамблот на Градскиот театар во Љубљана и Словенечкиот младински театар, а работеше и како независен уметник.

Живееше помеѓу Бохињска Бела и Љубљана, и останала приврзана кон Бохињска Бела, каде што го поминала детството и младоста, целиот свој живот. Во последните години се борела со болест, за која не сакала детално да зборува јавно. Милена Жупанчич била и долгогодишен амбасадор на УНИЦЕФ.

Била мажена за режисерот Душко Јовановиќ и актерот Ратко Полиќ.