МЗ: Дистрибуирани нови количини инсулин, пациентите се соодветно покриени


Во текот на денешниот ден во инсулинските аптеки се дистрибуирани нови количини инсулин, а во финална фаза е јавната набавка за дополнително обезбедување инсулин, информираат од Министерството за здравство.
 

Оттаму посочија дека пациентите на инсулинска терапија се соодветно покриени.

Инсулинот почнува да се дистриубиура по сите поликлиники, а во понеделник ќе стигне и во поликлиникте во Ченто, Драчево, Ѓорче Петров.

Од министерството за здравство потврдија дека „станува збор за еден тип инсулин, од кој неодамна се потрошени количините, за него има аналог на таа генетика, така што пациентите на инсулинска терапија се соодветно покриени.

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, на нивната фејсбук страна објавил: „ве известуваме дека за инсулините кои недостасуваа, од 03 март 2023 година (петок) отпочнува со нивна дистрибуција од Скопје до секоја инсулинска аптека! Нашите очекувања, се најдоцна до вторник 07.03.2023 година да бидат целосно дистрибуирани“.