МВР со детали за сообраќајката на патот Прилеп – Битола


Фото: Б. Грданоски

МВР во денешниот билтен објави информација за вчерашната сообраќајна несреќа што се случи на патот Прилеп – Битола, и во која беа повредени осум лица. 

Еве што пишуува во билтенот:

„На  05.08.2026 во 08:57 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Прилеп -Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен” со српски национални ознаки, управувано од В.К.(35) од Србија, патничко возило „сеат” со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од С.М.(41) од Пробиштип, товарно возило „фиат” со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(57) од Охрид и патничко возило „фиат” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(32) од Битола.

Во несреќата, возачите В.К., С.М. и М.К., како и М.М.(34), С.Ж.(36), М.З.(35), сите од Србија, сопатници од возилото „цитроен“, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Додека, возачот В.П. и Д.А.(35) од Пробиштип, сопатник во возилото „сеат“, се здобиле со телесни повреди, констатирани, исто така,  во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола“.

 

На истата тема:

Тешка сообраќајка на патот Битола-Прилеп, девет лица се повредени

Двајца државјани на Србија се тешко повредени во сообраќајката на патот Прилеп-Битола