МВР со детали за сообраќајката кај Рибарци, Росоман


Илустрација

Утрово, во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 08.45 часот на регионален пат Кавадарци – Неготино, во близина на село Рибарци, општина Росоман, се случила сообраќајна несреќа.

Во неа учествувале  патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 18-годишната В.З. од Градско и товарно возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(46) од Велес.

Од здобиените повреди на местото починал М.П.(40) од Велес, сопатник во товарното возило, а смрт констатирал лекар од Здравствен дом Кавадарци.

Со тешки телесни повреди се здобиле возачот на товарното возило и 18-годишната А.Н., сопатник во патничкото возило, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во болницата во Кавадарци.

Увид на местото извршиле јавен обвинител во содејство и увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.