МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови


И оваа сабота во центарот на Кочани се одржа „Маршот за ангелите“, организиран од членовите на семејствата на младите кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март годинава.

Министерството за внатрешни работи денеска не им дозволува на граѓаните од други градови да влезат во Кочани со цел учество на најавениот собир „Маршот за ангелите“.Со оваа постапка, директно се нарушува уставно загарантираното право на слободно движење и правото на мирен протест, две од темелните демократски вредности гарантирани со Уставот.

Граѓани на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од Кочани каде има зголемено полициско присуство.Сето тоа се случува кога ботови на влата се восхитуваат како српскиот претседател Александар Вучиќ физички се пресметува со младите што протестираат.

Денешниот протест започна со изјава на Розета Џамова, сестра на починатиот Јорданчо Џамов, која потсети дека семејствата и натаму бараат одговорност од институциите за трагедијата и дека нема да се откажат од борбата за правда.

„Денес се навршија пет месеци од најтешкиот ден во нашите животи. Пет месеци празнина во срцето, пет месеци во кои секој здив е потежок од претходниот. Пет месеци без насмевките, без гласот и без прегратките на нашите најмили. Во овие месеци болката не стивнува“, изјави  Џамова.

Воедно, денеска се навршуваат пет месеци од трагедијата која присутните ја опишаа како најтешкиот ден во нивните животи.

„Денес се навршија пет месеци од најтешкиот ден во нашите животи. Пет месеци празнина во срцето, пет месеци во кои секој здив е потежок од претходниот. Пет месеци без насмевките, без гласот и без прегратките на нашите најмили. Во овие месеци болката не стивнува. Секоја мисла води кон нив, секој миг е обоен со тагата по изгубеното. Спомените се единствената сила што нѐ држи исправени. Мостот меѓу вчера и денес. Меѓу присуството и тишината. Љубовта што ја оставија зад себе е вечна и никогаш нема да згасне. Таа љубов е нашиот патоказ, нашата светлина во темнината и доказ дека тие живеат во нас засекогаш“, Џамова.

Маршот почна во 18:05 часот од пред Паркот на револуцијата и помина покрај судот и обвинителството. На видеата што ги објави „Радио Кочани“ се гледа дека роднините на загинатите застанале и кај трговскиот центар, пред некогашното кафуле „Класик“.

„Колку животи треба да згаснат за вие да се разбудите“, „Моето дете не умре, беше убиено од систем кој не штити, туку убива“, „62 животи – 62 иднини, 62 семејства со вечна болка“, „Правда и одговорност – нема мир без тоа“. Ова беа само дел од пораките на транспарентите што ги носеа роднините.