МВР ќе се поднови со нови климатизирани „марици“
Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе набави 20 интервентни комбиња, популарно познати како „марици“. Официјалните податоци достапни на веб страницата на Бирото за јавни набавки покажуваат дека МВР ќе купи 20 комбиња од марката „Рено“ кои ќе ги користи за присилно приведување на проблематични осомничени лица или хулигани кои го кршат јавниот ред и мир и пружаат отпор.
Секоја од „мариците“ чини 35.500 евра без ДДВ. За сите 20 комбиња за приведување МВР ќе плати над 815.000 евра.
Согласно со тендерската постапка „Аутомотив Груп“ од Скопје како носител на набавката целосно го покрива и гарантниот период од 2 години што значи дека ќе овозможи редовно одржување кое вклучува замена на филтри и моторно масло, сет ребраст каиш. Воедно носителот на набавката во гарантниот период дава 2 годишна гаранција и на сите вградени елементи, уреди и ентериер на возилото кои се предмет на доработка.