МВР го поништи конкурсот за испитен центар Велес
Министерството за внатрешни работи го поништи јавниот конкурс за избор на фирма за добивање лиценца за испитен центар Велес, информираа оттаму. Решението е донесено вчера од страна на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Јавниот конкурс се поништува поради потребата од дополнително усогласување на временската динамика и процедурите поврзани со доставувањето на барањата и документацијата за исполнетост на условите за вршење на работите на испитен центар. Со ова се обезбедува целосна правна прецизност, еднаков пристап на сите заинтересирани правни лица и непречено спроведување на постапката. По извршените усогласувања, јавноста ќе биде дополнително информирана за повторно објавување на конкурсот, велат од МВР.