МВР ги демантира тврдењата на Мицкоски дека полицијата не била присутна при инцидентот кај споменикот „Скендербег“


 Министерството за внатрешни работи (МВР) целосно ги демантира тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, дека полицијата не била присутна и не реагирала при инцидентот кај споменикот „Скендербег“.

Напротив, како што посочуваат од МВР, полицијата беше на лице место, во истиот момент реагираше и го спречи насилството, а едно лице веднаш беше приведено кое е осомничено за пукање од огнено оружје.

– За време на протестите полицијата е целосно на ниво на задачата и апелираме партиите да престанат да со дезинформации, наведуваат од МВР.

Во видеото, додаваат, точно се гледа колку брзо повеќе од десет припадници на полицијата реагираат и спречуваат поголем инцидент.