Музичката и бизнис елита на гала промоцијата на „Албум“ на Калиопи (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Калиопи, дивата со стас , глас и најубавите поп-хитови, денес, во елитната „Воденица“ , ја собра  музичката и бизнис елита за промоцијата на новиот албум, насловен „Албум“  со десет нови композиции, од кои две ( со спотовите) „Знам“ во дует со Жељко Самарџиќ и „ Кад осване“, јавноста веќе ги слушна.

40 години музичко патување со соработникот и екссопруг Ромео Грил/ Фото: Б. Грданоски

Тоа беше гала настан каде се славеше добрата музика и дружење, ги видовме четирите нови спотови и го преслушавме албумот, се пиеше квалитетно вино на „Тиквеш“, се дегустираа специјалитети од кујната на „Воденица“ и се оддаваше почит на музичката дива која е во топ- форма и секогаш со позитивна енергија.

Фала на моите спонзори кои знаат да ценат музички квалитет, рече денес Калиопи/ Фото: Б. Грданоски

Калиопи денес ни приреди ново музичко патување кое ветува нови хитови, одлични видео-спотови и нова соработка – со Слаткар. 

Гостите ракоплескаа за соработката со Слаткар во песната „Казна“/ Фото: Б. Грданоски

Дивата која гостува во регионот и низ Македонија, годинава, ќе ја видиме и во Скопје, концертот во „Борис Трајковски“ е закажан на 19 октомври. Претходно, на 20 јули, Калиопи ќе го донесе својот куфер на љубовта на отворено, под ѕвездено небо, во Хераклеа – Битола. 

Калиопи има нова стилска приказна и со брендот за италијански накит „Ребека“ ( дел од ребрендираната продавница Chapter03) чие заштитно лице е / Фото:  Б. Грданоски

Низ фотогалеријата ви пренесуваме дел од амбиентот од денешната гала промоција во Скопје. 

(Л.С.)

Новиот спот за песната „Ела“/ Фото: Б. Грданоски
„Алкалоид“ е меѓу главните спонзори и пријатели на „Албум“/ Фото: Б. Грданоски
Калиопи меѓу гостите/ Фото: Б. Грданоски
Фото. Б. Грданоски
Цветанка Ласкова меѓу гостите/ Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски