Мурињо живее во луксузен хотел во Истанбул – за собата веќе потрошил 170.000 евра


Жозе Мурињо летово пристигна во Фенербахче за да им помогне на гигантите кои се борат да ја вратат титулата турски шампион по долги 11 години. Португалецот реши да не купува куќа во Истанбул туку да живее во луксузен хотел

Жозе Мурињо полека се навикнува на животот во Истанбул и одлучи да остане во хотел, како што беше случајот кога раководеше со Манчестер Јунајтед, наспроти куќите кои ги поседуваше додека беше на клупата на Реал Мадрид и Челзи.

Двократниот освојувач на Лигата на шампионите одлучи да живее во луксузниот хотел Four Seasons на брегот на Босфорот за време на неговиот ангажман во Фенербахче. Најевтината соба во овој хотел, кој е познат како еден од најлуксузните во светот, чини 1.200 евра за ноќ.

Тоа значи дека Мурињо во изминатите 141 ден потрошил 170.000 евра, а нема да застане тука бидејќи најверојатно уште некое време ќе остане на клупата на истанбулскиот великан.

Неговиот скап стан се наоѓа на европската страна на Истанбул, а погледот од хотелската соба се протега кон азиската страна на градот.