Мурињо може да го предводи Баерн
Португалскиот фудбалски тренер Жозе Мурињо, може следната сезона да го предводи Баерн Минхен.
Мурињо, кој е поранешен тренер на Интер, Реал, Челзи и Манчестер јунајтед, е можен наследник на Нико Ковач на кого иднината на клупата на „Баварците“ му е загрозена, објави „Footmercato“.
Претходно беше објавено дека Мурињо може да се врати во Реал, но функцијата главен тренер на „кралскиот клуб“ ја презеде Зинедин Зидан.
Последната работа на Мурињо му беше во Манчестер јунајтед. Под негово водство, „црвените ѓаволи“ го освоија Купот на англиската лига, англискиот Супер куп и Лигата на Европа.
Португалецот беше отпуштен од Манчестер на 18 декември поради слаби резултати.