Муфтија ќе биде економски промотор на Македонија во Ријад?

Министерството за надворешни рабооти и трговија назначи досега двајца специјални пратеници за економска прoмоција вo странствo, но и двајцата сo пoлитички бекграунд, пишува порталот „Фактор“. Заради економска прмоција и инвестиции, во Чикагo е испратен Петрит Муслиу, а во Ријад, Саудиска Арабија, ќе оди Салим Сулејмани, кој оди таму со дипломатско звање министер советник.
Салим Сулејмани во мај објави дека поднесува оставка од сите функции во Алијансата за Албанците, предводена од Арбен Таравари, како и од функцијата пратеник во Собранието. Како причина за оставката, Сулејмани ги наведе моралната, професионалната и политичката одговорност. Тој по професија е теолог кој служел како муфтија во Струга.
Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Сулејмани остро го критикуваше неодамнешното приближување на неговата партија кон Демократската унија за интеграција (ДУИ), особено во контекст на претстојните локални избори. Алијанса на Албанците тој период излезе од власта, а лидерот на партијата Арбен Таравари поднесе оставка од фунцкијата министер за здравство.
Во описот на работното место на промоторите пишува дека треба „да ги штитат интересите на земјата, да даваат сугестии и совети за активности што треба да се преземат од страна на надлежните органи, да овозможуваат проширување на можностите за економска соработка, потенцијалните инвестиции и реализациа на можни инфраструктурни проекти; да остваруваат економски средби со претставници на државни инвестициони фондови и бизнис комори; да обезбедат стручно-административна поддршка на преговарачките структури; да изработуваат анализи за потребите на надлежните органи, итн“.
Понатаму, да обезбедуваат информации за пристап до меѓународни пазари заради олеснување на извозот и изнаоѓање странски деловни партнери; да вршат активности за промоција на извозот и поврзување на македонските извозници со странски купувачи; – да обезбедат информативни услуги на странски компании за извозните потенцијали на РСМ; да учествуваат во организирање, учество и поддршка на меѓународни саемски манифестации, семинари и деловни настани на македонските извозници; да учествуваат во вршење на маркетинг истражувања за пристап на странски пазари, како и истражувања фокусирани на одредени сектори и региони, итн“.