Муцунски ветува четири нови градинки во Аеродром


Четири нови градинки во Аеродорм ветува кандидатот за градоначалник на Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Тој најави седум приоритети за Општина Аеродром, коишто се гарантирани со заокружување на бројот седум.

– Изградба на четири нови градинки, еден од нашите врвни приоритети за следните четири години. Гаранција дека покрај четири нови градинки, дополнително ќе работиме на реновирање и проширување на капацитетите на веќе постоечките – вели Муцунски.
 

Дополнителен приоритет ќе биде проект наречен „Еко-Дром“.


– Целта е обезбедување на нови зелени содржини, наша гаранција дека до крајот на нашиот мандат ќе има 100 илјади метри квадратни нова зелена површина. Но, еднакво значајно ќе биде и одржување на актуелните и веќе постоечки зелени површини ширум општината – додава Муцунски.