Муцунски: Со „Смарт Аеродром“ дигитализирање на сите услуги
Општина Аеродром ќе биде современа и дигитализирана, а еден од проектите наречен СМАРТ Аеродром треба да доведе до побрз пристап до општинските услуги, ветува кандидатот за градоначалник на Аеродром Тимчо Муцунски, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Во рамките на тој проект примарно гарантираме дигитализирање на сите услуги кои ги обезбедува општината. Предвидуваме создавање на нов проект преку апликација наречена „Смарт Аеродром“, така сите граѓани ќе можат своите проблеми да ги решаваат и пријавуваат преку лесна апликација. Исто така општината ќе има нов Хаб за деловни активности, место каде што млади претприемачи ќе може да добиваат и финансиска и институционална поддршка за развој на своите деловни идеи. Овој проект опфаќа и многу голем број на активности, како што е создавање на нов систем на Паметно осветлување ширум општината. Нови интернет зони со бесплатен пристап за сите наши граѓани. Целта е да имаме современа општина, општина којашто природно припаѓа на 21-от век – вели Муцунски.
\