Муцунски се жали што МВР не го обезбедил настанот пред „Капитол“, но тој не го почитувал законот


Денеска пред трговскиот центар во Аеродром, „Капитол“ се одржа хуманитарна предновогодишна забава на која присуствиваа многу деца, родители и други жители на општината, но и покрај тоа што настанот се одржуваше покрај булеварот, возилата не беа сопрени.

Безбедноста на граѓаните беше загорзена, иако се помина без инциденти и во најдобар ред.

Подоцна, Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски се пожали дека МВР ги бојкотирало и не го пренасочило сообраќајот межу „Веро“ маркетот и крстосницата кај „Дежа ву“.

Но, од СВР Скопје, што е надлежно за спроведување на вакви акции велат дека тој шири дезинформации.

СВР Скопје вели дека на барањето на општина Аеродром за организирање на настан на јавен пат, било соодветно одговорено и укажано дека согласно член 155 став 1 од ЗБСП на јавен пат можат да се одржуваат спортски и други приредби, врз основа на добиено одобрение од МВР, по претходна согласност од правното лице надлежно за одржување на патишта, а согласно член 156 став 3 од ЗБСП кога заради одржување на приредба е неопходно ограничување или запирање на сообраќајот, организаторот е должен за тоа да изработи сообраќаен проект и да ја извести јавноста преку средствата за јавно информирање или на друг соодветен начин, најмалку 48 часа пред приредбата.

„Бидејќи не беа испочитувани законски предвидените услови, не е можно да се затвори сообраќајницата“, велат од СВР Скопје.