Муцунски се пофали со „новогодишна магија“ во Аеродром


Општина Аеродром го заврши со украсувањето за новогодишните празници, спроведено со сопствени средства.

-Сите поголеми паркови и поважните места, локации кои се во надлежност на општината се украсени со новогодишни светилки и празнични декорации. Да ги направиме празниците поубави и да уживаме во новогодишната магија и во Аеродром, напиша градоначалникот Тимчо Муцунски на својата Фејсбук страна.

По минатогодишната пауза поради енергетската криза, како што наглсува, оваа година празничната атмосфера повторно се доближува до граѓаните.

-Празничната атмосфера ја доближуваме до граѓаните и внесуваме дополнителна радост и позитивна енергија во секојдневното живеење, пишува Муцунски,  кој воедно ги кани граѓаните на новогодишниот настан за храна, вино и вода што ќе одржи од 25 до 27 декември во паркот „Авион“.