Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД – највисоката тарифа ќе ни биде 15 отсто
Тој додаде дека Македонија веќе има производи што се извезуваат во САД со тарифи пониски од 15 отсто, што укажува дека процесот се движи во позитивна насока.
Муцунски истакна дека преговорите се сложени и предизвикувачки, а поради доверливиот карактер на процесот, во овој момент не можат да се објават повеќе детали.
-Доверливоста мораме да ја заштитиме. Јавно ќе биде објавен документ кој веројатно ќе треба да помине собраниска процедура и сите ќе видиме што конкретно ќе значи тоа за нас. Но, фактот дека веќе имаме производи што се извезуваат во САД со тарифи пониски од 15 отсто, значи дека се движиме во добра насока. Јас го сметам тоа за колективен успех на Владата, но факт е дека САД во моментов преговараат со целиот свет во однос на ова прашање. Фактот што одлучија да ни дадат нам приоритет, на една помала држава не толку значајна за американскиот пазар од економска гледна точка, треба да бидеме реални – е директен одговор на прашањето што значат оваа посебна релација и ова стратешко партнерство со Вашингтон. Јас се надевам на добар исход. Заедничката изјава е пат кон тоа и верувам дека ќе донесе конкретни бенефити за претставниците на деловната заедница, а на клрај и за нашата економија и за сите граѓани, потенцира Муцунски, одговорајќи на новинарски прашања.
Тој потсети дека голем број држави во регионот се уште имаат далеку повисоки тарифи од 15 проценти во однос на САД.