Муцунски ги пречека фудбалерите на Престон Лајонс: Тие се гордост на македонската заедница во Австралија


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски синоќа им посака добредојде на фудбалскиот клуб од Австралија – Престон Лајонс кои вчера пристигнаа во Скопје.

Како што посочи Муцунски во објавата на Фејсбук, тој вели дека во Скопје имал чест, веднаш по слетувањето, да го пречека тимот на Престон Лајонс, за кој истакна дека се промотори на македонската култура и традиција, амбасадори на спортот и гордост на македонската заедница во Австралија.

Посетата инаку се реализира на покана и во организација на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Фудбалска Репрезентација на Македонија.