Му откажале бубрезите на момчето што беше брутално претепано во Ваљево


Потпретседателот на Демократскатра партија во Србија , Миодраг Гавриловиќ, изјави дека шеснаесетгодишното момче кое беше претепано на протест во Ваљево е во многу сериозна состојба и дека бубрезите му откажале.

„Невидено полициско насилство е регистрирано овие денови во Ваљево. Момчето А.Р. кое беше брутално претепано во Ваљево е родено во 2009 година, има само 16 години и е во многу сериозна состојба бидејќи бубрезите му откажале, напиша Миодраг Гавриловиќ, поранешен пратеник и потпретседател на Демократската партија (ДС), на социјалната мрежа X.

„Тој беше префрлен во Белград во приватна болница, тој е во исклучително сериозна состојба, бубрезите му откажале“, напиша Гавриловиќ.

„Би ги замолил сите граѓани да бидат обединети и да дадат секаква можна помош и поддршка. Тој не е сам!“, додаде Гавриловиќ.