МСМС бара укинување на Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка


Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) смета дека треба да се укине  Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка поради многу недоречености поради кои прави поголема штета отколку што ќе донесе оштети за државата и како клучно – не обезбедува никакви гаранции за граѓаните кои може да бидат засегнати од ваквите постапки. Во анализата што ја подготви МЦМС, која е дел од проект финансиран од УСАИД, стои :

„Се утврдуваат и обработуваат неколку видови ризици кои се јавуваат поради преклопување на законски одредби, непрецизни дефиниции, вклучување повеќе субјекти во одлучувањето, споделени и нејасни надлежности, дискрециски овластувања, несоодветно регулирани правила на постапката и слично. 

Анализата покажува дека отсуствуваат соодветни гаранции кои се однесуваат на
граѓаните кои би можеле да бидат засегнати во оваа постапка, отсуствуваат
контролни механизми над постапувањето на органите и институциите, како и одредби
за ограничување на примената на Законот.

Покрај тоа, Законот е исклучително нејасен во многу аспекти, се преклопува со многу други важечки закони и остава впечаток на неумесно креиран концепт, кој изгледа дека не му е до крај познат ниту на законодавецот. На ваквата ситуација се надоврзува исклучително големиот број на посочени ризици од корупција и судир на интереси во самите законски одредби,
како и конфузно и кружно регулирање на постапките, надлежностите, па дури и клучните
поими и самиот почеток на постапката која е утврдена во Законот.

Конечниот заклучок е дека државата треба да ги унапреди постојните механизми
за контрола на имотот и зајакнување на практичната примена на конфискацијата на
имот во кривичните постапки, како и во случаите кога не е можно водење кривична
постапка, согласно правилата на Законот за кривичната постапка, наместо да посега по
револуционерни решенија, кои во оваа форма и во контекст на нашата држава ќе
предизвикаат многу повеќе проблеми, отколку што ќе придонесат за надминување на
постоечките.

Оттука, единствената препорака е законот да се укине пред воопшто да
започне да се применува и државата да посвети сериозно внимание и труд за да се
овозможи поголема примена на конфискацијата во рамките на кривичните постапки,
дури и кога не е можно водење кривична постапка, како и да се зајакне контролата на
имотот согласно постоечките законски одредби, стои во препораката на МЦМС.