Мостот „Беласица“ издржа шест камиони тешки 208 тони, се чека целосно да биде пуштен


Професорот Михаил Гаревски од Институтот за сеизмички отворени градби и климатски промени (ИСОГКП) објави дека мостот „Беласица“ во Скопје успешно го издржал товарењето и дека е спремен да биде пуштен за сообраќај и за тешки товарни возила.

– Битката за мостот „Беласица“ падна, мостот „Беласица“ не падна – напиша Гаревски на фејсбук.

Мостот беше опожарен лани во мај, и целосно беше затворен за сообраќај по пожарот кој изби на топловодните цевки кои спроведуваат топлинска енергија. Потоа, беше пуштена по една лента во двете насоки.

Фото: Б. Грданоски

Вчера, како тест беа поставени шест камиони со вкупна тежина од 208 тони, наредени еден до друг во средина на централниот распон на мостот. 

Од Град Скопје изјавија во саботата дека од резултатите ќе зависи дали мостот ќе биде пуштен целосно во употреба, односно сите четири ленти.

– По завршувањето на мерењата и добивање на извештај од мерењата доколку се задоволени дозволените параметри, мостот ќе се пушти во целосна употреба во сите четири ленти – велат од Град Скопје.

Фото: Б. Грданоски

Останува уште ЕСМ да ги постави новите топловодни цевки кои веќе подолго време стојат покрај мостот.