„Мог живота дио“- Каролина со новата песна ќе го освојува регионот (видео)


„Авалон“ го претставува новиот проект на Каролина, песната ,,MOG ŽIVOTA DIO”, проследена со видео спот, наменета за целиот регионален маркет.

Позади песната стои Дино Мухаремовиќ (музика и текст), кој е автор и на последниот сингл на Каролина, ,,Дај на сунце”, додека аранжманот е на Дино Шукало, познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор и долгогодишен соработник на Каролина.

Песната е снимена во Сараево, во неговото студиото Модра Риека, додека видео спотот е дело на Миомир Милиќ. Стилист е Јована Зука, облеката на Јована Филиповиќ, а фризурата на Октај Сејди.