МНР: Утре враќање на дел од македонските граѓани од Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин


Фото: Б. Грданоски

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија известува дека дел од македонските граѓани од Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин, се очекува утре да се вратат во земјава. 

Преку објави на Фејсбук страницата на Министерството, ги известува македонските државјани за времето и локацијата каде треба да пристигнат, по што со специјален лет ќе бидат вратени во земјава.

МНРиНТ ги информира Македонците во Саудиска Арабија утре во попладневните часови да бидат присутни на Аеродромот во Ријад.

-Ве информираме дека сите македонски граѓани кои треба да се вратат во Република Северна Македонија со специјалниот лет организиран од Владата со авиокомпанијата FlyNas, кој ќе полета од Riyadh – King Khaled International Airport, потребно е да бидат присутни на аеродромот на 11 март 2026 година, во 17:00 часот по локално време во КСА, на Терминал 1. Ги замолуваме сите патници да пристигнат навремено на аеродромот, со цел непречено завршување на процедурите пред поаѓањето на летот, стои во објавата на Министерството.

null

За македонските граѓани во Кувајт, пак, Министерството информира дека ноќва вторник спрема среда со организиран превоз со автобус ќе се поаѓа кон Аеродромот во Ријад.

-Ве информираме дека ноќта во вторник спрема среда, односно на 10 март во 12:00 часот (полноќ) со организиран превоз со автобус на Флајнас ќе се поаѓа од Kuwait Riyadh – King Khaled International Airport од каде со специјален лет организиран од страна на Владата на Македонија ќе се вратите во нашата земја.
Локација на патување од Кувајт/the gathering point – location for departure of buss: https://maps.app.goo.gl/G6Xy6JT5cJKg7DHQ7?g_st=aw.,стои во објавата за македонските граѓани во Кувајт.

Македонските граѓани во Бахреин, пак, се известуваат дека утре наутро ќе има автобус кон Аеродромот во Ријад.

-Информација за македонските граѓани во Бахреин: Информираме дека во среда, на 11 март во 06.00 часот наутро, ќе поаѓа автобус на Flynas од Bahrein (Manama) za Riyadh – King Khaled International Airport од каде со специјален лет организиран од владата на Македонија ќе се вратите во нашата земја.
 Локација на поаѓање од Manama/ Bahrein – the gathering point – location for departure of buss: https://maps.app.goo.gl/mvgrL9SoP6LzwD4E6?g_st=awb, се наведува во известувањето на МНРиНТ.

null

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вчера на прес-конференција информира дека во тек е координиран процес на евакуација на македонските државјани од повеќе земји на Блискиот Исток, кој, како што рече, се очекува да биде финализиран до крајот на оваа недела.

Муцунски истакна дека од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза е воспоставен кризен механизам преку Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва. – Од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза на Блискиот Исток, Владата и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија воспоставија постојан кризен механизам. Преку формирање на кризен штаб и дипломатско-конзуларните представништва, бевме во 24-часовна комуникација со македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја, со јасна цел – нивна безбедна, навремена и организирана евакуација – рече Муцунски.

Тој додаде дека во изминатите 12 месеци ова е трета комплексна операција од ваков обем.

Во неделата вечерта вкупно 151 патник пристигна на скопскиот аеродром  од Обединетите Арапски Емирати со лет на „Флај Дубаи“. Повеќето беа македонски државјани, еден е од Црна Гора, еден од БиХ, еден од Србија, двајца се од Косово, а четворица со холандско државјанство. Тие беа пречекани од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.