МНР стана зелено


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод Денот на земјата објави видео во кое порача дека МНЕ станува „зелено“ и ги соопшти сите мерки што се преземаат во него за заштита на еко средината.
 
„Денес го славиме денот на планетата Земја!
Заедно треба да инвестираме во нашата планета, животната средина е наша заедничка одговорност и секој од нас давајќи свој скромен личен придонес може на крајот да помогне да се постигнат големи промени. Министерството 🇲🇰 станува #Зелено“,   напиша денес министерот Бујар Османи.