МНР организира дипломатски економски караван


Фото: Б. Грданоски

Утре  во организација на Министерството за надворешни работи и Бирото за регионален развој, ќе се реализира економски дипломатски караван во Југозападниот плански регион (ЈЗПР). Караванот, кој е прв од ваков тип, има за цел да ги презентира и промовира економските потенцијали на домашните фирми и да ги запознае претставниците на дипломатскиот кор во Република Северна Македонија со инвестициските можности во ЈЗПР.

Агендата на економскиот-дипломатски караван предвидува активности во трите најголеми економски центри во ЈЗПР: општините Кичево, Охрид и Струга (каде се наоѓа и седиштето на Центарот за развој на ЈЗПР). 

Главниот настан ќе се одржува во Струга, во хотел Изгрев,нкаде е предвидено потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи и Бирото за регионален развој. 

По потпишувањето следуваат изјави за медиуми од страна на заменик министерка за надворешни работи, Фатмире Исаки, Директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи и Рамиз Мерко – градоначалник на општина Струга и претседател на советот за развој на ЈЗПР. На главниот настан исто така се предвидени и презентации од домашни компании кои се извозно ориентирани.