МНР деманира дека Теута Арифи била одбиена како амбасадор во ЕУ
Министерството за надворешни работи ги оцени како шпекулации ипишувањата на медиумите, дека не било прифатено барањето за агреман за Тетута Арифи како амбасадор на нашата земја во Европската Унија. Според уверувањата од МНР, таков предлог воопшто и не бил пратен.
„Министерството за надворешни работи ги демантира шпекулациите кои се појавија во одредени медиуми дека не е прифатено барање за агреман за амбасадор на Република Северна Македонија во Брисел, од причини што досега воопшто не е пратен предлог за добивање на агреман до Европската Унија, затоа што сѐ уште нема усогласен предлог на државата за амбасадор, се вели во реакцијата од МНР.
Претходно, порталот МКД објави дека поранешната градоначалничка на Тетово и вицепремиерска за евроинтеграции Теута Арифи не го поминала филтерот на Европската унија да биде испратена во Брисел.