Многумина сакаат да поминат граница со фалсификат ПЦР тест

Во понеделникот, во 15 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром“-Скопје, при проверка на Р.Б.(36) и Л.Б.(34), двајцата од Боговиње, тетовско, било констатирано дека на увид приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.
Од МВР денеска информираа дека тие биле приведени и задржани за понатамошна постапка.
Во денешното соопштение од МВР стои дека вчера во 4 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром“-Скопје, при проверка на Р.Б.(21) од Казахстан било констатирано дека на увид приложила фалсификуван негативен ПЦР тест. Таа била приведена и задржана за понатамошна постапка.
Исто така, во 5.20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје, при проверка на Е.С.(48) и А.С.(46), двајцата од Кoсово, било констатирано дека на увид приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови. Тие биле приведени и задржани за понатамошна постапка.
Во 7.40 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“- Скопје, при проверка на Г.Х.(50) од Турција било констатирано дека на увид приложил фалсификуван негативен ПЦР тест. Тој бил приведен и задржан за понатамошна постапка.