Младинците на прием кај министерот Ристовски и претседателот на РФМ Мукаетов


Maшката младинска репрезентација на Македонија веднаш по слетувањето на аеродромот во Скопје беше на прием во Владата на Македонија.

На приемот кај министерот за спорт, Борко Ристовски, тоj истакна дека е горд на младите ракометари и нивниот успех.

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов кој упати голема благодарност за севкупниот учинок на ова првенство на ракометните надежи и стручниот штаб истакнувајќи дека приоритетите на РФМ ќе останат со истиот фокус: системското работење со сите младински репрезентативни категории, за достојно претставување на македонскиот ракомет и создавање идни македонски ракометни репрезентативци.

Практично од доаѓањето на Мукаетов на чело на РФМ почна процесот на градење на националната иднина на овој спорт. Од година во година овие најави се реализираа за да денеска бидеме горди и на младите генерации.

Македонија го освои 9 место на Европското првенство за младинци, откако славеше во битката со Франција со 30-29.