Млада месечина во Овен: Идеално време за нови проекти и свеж почеток, но чувајте се од конфликти и агресија


Дознајте како младата месечина во Овен ќе влијае на вашиот хороскопски знак.

Овен

Младата месечина ви носи енергија, виталност и ентузијазам. Ова е одличен период за нови проекти и вртење нов лист. Изливот на самодоверба ви помага да ги постигнете вашите цели и ви дава можност да оставите импресивен впечаток кај вашите претпоставени или луѓе на моќни позиции, што придонесува за деловен успех.

Бик

Овој период за Биковите ја означува фазата кога прават мали чекори кон остварување на своите долгорочни цели. Изобилството на информации кои доаѓаат на вашиот пат ќе ви овозможи јасно да видите што точно сакате и како да го постигнете тоа. Флексибилноста и отворениот ум во овој период ќе ви овозможат да се прилагодите на околностите.

Близнаци

Во овој период се зголемува моќта и влијанието што го имате, што дополнително ви помага да ги постигнете вашите цели. Треба да ви биде полесно да ги решите сите проблеми што може да се појават, а отпорите што до сега сте ги чувствувале да исчезнат. Ова е идеално време да воспоставите нови врски и да барате услуги од другите луѓе.

Рак

Овој период за Раковите крие многу потенцијал за тестирање на карактерот. Ако сте на вистинскиот пат, ќе останете фокусирани и ќе напредувате. Меѓутоа, ако се соочувате со пораз и разочарување, можеби е време да ги преиспитате вашите цели.

Лав

Периодот од 21 март до 20 април ќе ги усогласи и опушти Лавовите. Можно е да ја привлечете токму вистинската личност за врска, а зголемената самодоверба може да даде одлични резултати и во деловната сфера. Исто така, можете да очекувате услуги од луѓе на моќни позиции.

Девица

Може да се чувствувате несигурни, вознемирени и неодлучни. Паралелно со ова ќе има потреба да се постигне зацртаната цел. Клучот за успехот, во вашиот случај, е да се држите до еден план – полесно ќе донесувате одлуки, а наместо несигурност ќе чувствувате внатрешен мир.

Вага

Во текот на следните неколку недели, ќе почувствувате дека вашата решеност да се натпреварувате и да победите се интензивира. Но, може да има луѓе кои се противат на вашите напори. Ако тоа се случи, направете чекор назад и размислете за можните причини за овие реакции. Компромисите и комплиментите ќе ви го олеснат животот во иднина.

Скорпија

Скорпиите исто така можат да се чувствуваат несигурно и неодлучно, а ним како и Девиците им се советува да се држат до едноставноста на планот за да избегнат забуни.Од 23 март до 16 април може да очекуваат и излив на енергија и страст – иницијатива и Отвореноста може да ги импресионира вашите претпоставени и да донесе професионален успех.

Стрелец

До 31 март особено ќе почувствувате рамнотежа и внатрешна хармонија. Ќе почувствувате наплив на продуктивност и ефикасност што ќе ги воодушеви луѓето околу вас. Овој период ви носи и зголемена самодоверба како и услуги од луѓе на моќни позиции.

Јарец

За Јарците, овој период носи многу можности да ја тестираат својата сила на карактерот. Можеби ви се чини дека другите ви стојат на патот на вашите цели или отворено ви се спротивставуваат – бидете мудри и внимателно избирајте ги битките во овој период. Компромисот или тактичкото повлекување може да бидат најпаметните потези, а напорната работа и вежбањето може да ви помогнат да ја ослободите тензијата. Само внимавајте да не се туркате надвор од вашите граници.

Водолија

Во овој период ќе бидете отворени за нови информации и ќе можете јасно да ја видите вашата цел. Размислувате брзо, а пишувањето и зборувањето може да ви бидат одличен начин да ги искажете своите мисли. Ова е и период кога сте во можност да апсорбирате многу информации – одличен период за сите оние кои учат или подготвуваат стратегии за идни проекти.

Риби

Новата месечина ќе донесе и флексибилност и способност за апсорпција на нови информации за Рибите. Ќе почувствувате наплив на усогласена енергија и страст. Вие сте директни, непосредни и имате одлични инстинкти. Овој период ви носи харизма и магнетизам, па затоа е идеален момент за нови врски и богат социјален живот.