Мис Универзум Оливија Калпо роди ќерка

Поранешната Мис Универзум и инфлуенсерка Оливија Калпо ја објави добрата вест – таа и нејзиниот сопруг, ѕвездата на НФЛ, Кристијан Меккафри, станаа родители. Таа сподели емотивни црно-бели фотографии на Инстаграм од болницата, каде што се роди нивната прва ќерка, Колет.
На една од фотографиите, раката на бебето е видлива додека лежи на ќебе, а на друга, новите родители позираат со Колет која го покрива нејзиното лице со раката. „Колет има толку среќа што го има најдобриот татко на светот“, напиша Калпо на Инстаграм стори, додавајќи: „Љубов што не може да се спореди со ништо“.
Двојката е заедно од 2019 година, а се свршија четири години подоцна додека беа на одмор во американската држава Јута. Тие се венчаа во јуни 2024 година на интимна церемонија во Род Ајленд.
Пред нејзината свадба, Калпо отворено зборуваше во реалното шоу „Culpo Sisters“ за своите стравови од ендометриоза и тешкотиите со кои може да се соочи при основањето семејство. „Постојано се грижам. Чувствувам дека морам да имам деца што е можно поскоро“, рекла таа во тоа време.
Само девет месеци по нивната свадба, Оливија ја објави својата бременост на Инстаграм, со едноставна порака: „Ново поглавје – мајчинство“. Подоцна откри дека одлучиле да не го откриваат полот на бебето сè до породувањето. „Најважно е бебето да е здраво. Мојата работа е да бидам што е можно поздрава и посвесна“, изјавила таа за E! News.