Мис Мичиген избрана за Мис на САД 2024
Алма Купер (22) од Мичиген е избрана за Мис САД 2024, по изборот во Лос Анџелес кој вклучуваше интервјуа, парада во вечерни тоалети и во бикини.
Таа ќе ги претставува Соединетите Држави на изборот за Мис Универзум за 2024 година, кој ќе се одржи во ноември во Мексико.
Купер ја наследи круната од ланската прва придружничка, Савана Ганкиевич од Хаваи; Минатогодишната победничка, Ноелија Војгт од Јута, се откажа од титулата Мис на САД во мај.
Купер, офицер на американската армија, е магистер по наука за податоци од Универзитетот Стенфорд.
За прва придружничка беше избрана Мис Кентаки Конор Пери, за втора – Мис Оклахома Даника Кристоферсон, за трета- Мис Тенеси Кристел Фут и за четврта – Мис Охајо Мејси Хадсон.