Министерството за култура ги демантира информациите за оставка на министерот Адеми
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2019/04/ministerstvo-za-kultura.jpg)
Министерството за култура попладнево преку соопштение ги демантираше информациите објавени во одредени портали за оставка на министерот Асаф Адеми.
– Министерот Адеми без застој во работата ги извршува своите редовни работни обврски, а активностите на Министерството за култура се одвиваат според тековната динамика, наведуваат од ресорното Министерство.