Министерство за економија: Развој на рударството преку модернизација и заштита на животната средина


Во пресрет на 28ми август-Денот на рударите во Република Северна Македонија, Министерството за економија го честита празникот на сите рудари.

Рударството претставува базата за развој на индустријата во една држава, а рударите претставуваат наш бесценет човечки ресурс и должни сме да им обезбедиме што подобри услови за работа.

Во таа насока, заложба на оваа влада е да озбезбеди одржливо рударство, преку користење на најдобрите и најсовремените техники во оваа индустриска гранка, а влијанието врз животната средина и здравјето на луѓето да се сведе на минимум.

Овој важен стопански сектор, и придружните сектори кои го опслужуваат бројат над 10.000 вработени, а во вкупното индустриско производство секторот Рударство и вадењето на камен учествува со 8,3%. Тоа значи дека инвестициите во рудниците, но и поддршката која ја дава Владата на овој сектор даваат резултати.

Натамошниот развој во овој сектор е единствено можен со континуирани вложувања во модернизација со што ќе се обезбеди заштита на животната средина и ќе го поттикне локалниот економски развој.

За таа цел, Владата на Република Северна Македонија со несмалено темпо ќе ги продолжи планираните активности во секторот рударство, што ќе резултира со значително подобрен Закон за минерални суровини и подзаконски акти, водејќи се првенствено од начелото за одржлив развој, заштита на животната средина и безбедноста при работата.

Оваа година, традиционалната прослава по повод Денот на рударите, која ја организираше Министерството за економија нема да се одржи заради епидемијата предизвикана од вирусот COVID-19. На сите рудари Министерството за економија им посакува добро здравје, мир и благосостојба, се вели во честитката.