Министерката за финансии: Славески не ме консултираше за влезот на Алта банка во Македонија


Има ли „триење“ меѓу гувернерот Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска

 

За фрикциите во заднината се појави уште една во врвот на финасиско-монетарната власт. Гувернерот Трајко Славески вели едно, а министерската за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска друго за влезот на Алта банка во Македонија.

Славески неодамна изјави дека, иако Народната банка е независна институција, сепак разговарал и со Владата за намерата на Алта банка да ја купи Стопанска банка од Битола. Тој е кажа точно со кого во Владата.

Димитриеска-Кочоска вели дека таа не била консултирана, ниту Министерството за финансии за влезот на Алта банка на македонскиот пазар.

Кочоска вели дека Министерството немало никаква комуникација со гувернерот во врска со влезот на банката и дека не знаеле ниту за преговорите ниту за други заинтересирани купувачи.

Уште позначајно министерката за финансии вели дека за актуелните случувања со Алта банка Битола главно се информира преку медиумите. Тоа делува прилично невообичаено, затоа што работите излегоа прилично од контрола. А министерката за финансии се информирала за големите проблеми од медиумите. Сепак, таа не очекува случајот да ја наруши стабилноста на банкарскиот систем, бидејќи банката има мал удел во вкупниот сектор. Според неа, штедачите треба да бидат спокојни.

Димитриеска-Кочоска најави дека во текот на денот ќе оствари средба со гувернерот Славески.