Милион евра за враќање на сјајот на Старата скопска чаршија
Еден милион евра ќе се потрошат за да се врати сјајот на Старата скопска чаршија. Со тие пари треба да се обноват излозите.
Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска потпишува Договорот за реализација на Проектот за уредување на излозите и рекламите во Старата скопска чаршија меѓу Министерството за економија и Општина Чаир.
Тој посочи дека со овој проект може да се поттикне и туризмот во чаршијата, а секако, по обновувањето на излозите таа ќе изгледа порепрезентативно.
Со потпишување на Договорот денеска, Министерството за економија обезбедува два милиони денари за обновување на излозите, но како што најави министерот се планира уште еден проект во соработка со Светска банка, од каде за обнова на чаршијата се очекуваат 800.000 евра.
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, рече дека очекуваат до средината на 2020 година се очекува работите да бидат завршени.
https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/250174739192664/?notif_id=1570007618177828¬if_t=live_video_explicit