Милан ги губи Пакета и Донарума поради повреди
Милан ќе мора да се справи извесно време без Џанлуиџи Донарума и Лукас Пакета, кои во вторникот вечерта добија повреди на натпреварот против Удинезе.
Според „Скај Спорт Италија“, голманот ќе биде аут неколку недели поради повреда на бутот, додека Бразилецот дури и подолго време, бидејќи неговиот проблем во глуждот на десната нога е посериозен.
Кај Пакета претстојат да се направат дополнителни прегледи за да се потврдат грижите на докторите.
Двата играчи беа принудени да го напуштат натпреварот, кој заврши 1:1.