„Микросам“ и Институтот за современи композити и роботика од Прилеп одбележаа јубилеи во развојот на современата технологија

Можеме да се носиме со стручност за врвна технологија, особено за машини од композитни материјали за авио и другите индустрии, а Институтот за современи композити и роботика е поттик за научен развој во роботиката. Ова беше нагласено при денешната свеченост во прилепската компанија „Микросам“ која одбележува 35 години постоење и 16 години врвна работа на Институтот за современи композити и роботика.
-„Микросам“, всушност, постои повеќе од 35 години. Израсна од идеја, визија и стигна до лидерство во светот во производство на машини од композитните материјали. Моментално, „Микросам“ во светот има испорачано повеќе од 340 производини линии во повеќе од 45 земји. Сега произведуваме едни од најинвентивните роботски машини за вселенски делови, машини за авиоиндустријата, водородни резервоари, изјави Стефани Неделкова Кузманоска од „Микросам“.
Институтот за современи композити и роботика, прв приватен научен инстит на Балканот и еден од ретките во Европа ја промовираше и монографијата за 16-годишното постоење. Институтот промовирал преку 350 научни проекти и повеќе од 100 научни трудови во меѓународни списанија.
-Институтот има 21 магистер и 3 доктори на науки. Македонија е во светскиот врв која се занимава со оваа технологија. Полето на композитните материјали е иднина во светот, вели Драган Велјаноски, директор на Институтот за современи композити и роботика од Прилеп.